Нови прозорци, врати и под на спортска сала во „Ацо Шопов“

Во ОУ „Ацо Шопов“, општина Бутел, деновиве се врши замена на сите прозори и врати.

Како што информира Општината, станува збор за 100 прозори и 76 врати кои се пластифицирани и термоизолациони и со кои ќе се влијае на заштедата на парното затоплување во зимската сезона.

– Реализиран е и проект за замена на паркетниот под во спортската сала со линолеумска подлога. На овој начин им се олеснува вежбањето на учениците, но и одржувањето на хигиената во салата, соопшти Општината.

Средствата во висина од 3.200.000 денари, се од општинскиот буџет.