Нови летни, цветни насади по тревниците во парковите и главните булевари низ градот

Пролетниот цветен расад се менува со нов летен.

Истиот ќе го претставува колоритот во кој Скопје ќе се огледува сè до крајот на месец октомври.

Секако, активно се косат и тревниците во парковите и главните булевари низ градот, известуваат од ЈП „Паркови и зеленило“.