Бев дел од образовниот систем во нашата држава во рамките на МОН како директор на Спортска академија.

Моето искуство таму во однос на раководењето на таа институција и формирањето на колективот е едно од моите најпозитивни искуства во моето деловно работење. Моето школување го започнав токму овде во ОУ „Кочо Рацин“. Оттука и задоволството да кажам дека ќе направиме нова сала за ова училиште, а ќе ги реконструираме и обновиме и другите сали на училиштата кои се на тероторија на Општина Центар, истакна кандидатот за градоначалник за Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Јовановски.

Тој вели дека ќе го обноват и ентериерот во училиштата, како и реконструкција на училишните кујни согласно ХАСАП стандардите.

-Ќе направиме пристапни рампи  за лицата со посебно потреби, секое училиште мора да има логопед и дефектолог. Децата ќе имаа бесплатна екскурзија, бесплатни училишни прибори во прво одделение, а децата од социјално загрозени семејства ќе имаат бесплатни прибори во текот на своето цело школување, посочи Јовановски.

Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација пред сите училишта е дел од проектите кои ќе се спроведат со цел поголема безбедност на учениците.

-Сакаме да создадеме услови каде образованието на нашите деца ќе биде сигурно, безбедно и квалитетно, нагласи Јовановски.