Движењата на цените на нафтата на светските берзи најавуваат скок на малопродажните цени на нафтените дериват при денешната корекција на Регулаторната комисија за енергетика. 

Цената на „црното злато“ веќе пет недели се движи во нагорна линија, а петочното тргување го заврши на ниво од скоро 64 долари за барел. Тоа е за близу 6 долари за барел поскапо во однос на просечната цена од претходните две недели врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги определи малопродажните цени во Македонија.

Со оглед на овие ценовни движења, извесно е дека од полноќ ќе возиме поскапи горива. Во зависност од движењето на курсот на доларот во однос на денарот, Регулаторот се очекува да ги покачи цените за околу 2 денари по литар.

Пред две недели Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 до полноќ изнесува 64, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 52, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 40,50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголеми за 0,50 денари за литар и изнесува 65,50 денари.

Новите цени Регулаторната комисија за енергетика треба да ги објави околу пладне а ќе почнат да важат од полноќ.