Нова дигитална платформа за деца со посебни потреби во Центар

Фирмата Eco-Logic креира нова дигитална платформа за деца, родители и наставници.

– Преку оваа онлајн алатка ќе се овозможи реализирање на вежби кои ќе бидат прилагодени на тековните домашни задачи, како и нови активности за надополнување на училишната програма, преку содржини од областа на вело и еко активности и содржини за деца со посебни потреби – информира на Фејсбук градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Сите едукатори и родители може да се вклучат и да дадат свој придонес во платформата, а сите активности ќе бидат објавени.