Нов распоред на собирање смет од домаќинствата во Ѓорче Петров

Согласно новиот работен распоред на ЈП „Комунална хигиена“ поради вондредната состојба и мерки за забрана за движење, комуналниот отпад од домаќинствата на територија на општина Ѓорче Петров од страна на ова претпријатие ќе се подигнува во деновите понеделник, вторник и среда, односно првиот ден од досегашниот редовен распоред во периодот од 07:00 до 13:00 часот.

За да не се појават нејаснотии, доколку сметот досега бил подигнат во деновите понеделник и четврток од сега истиот ќе биде подигнат единствено во понеделник.