Следејќи ги модерните трендови, телекомуникациската компанија Вип одлучи да започне со реновирање на своите продажни салони воведувајќи нов концепт, почнувајќи од своите продавници во трговските центри City mall Скопје и Vero Jumbo во Скопје.

Корисниците веќе имаат можност да ги искусат најдобрите понуди од Вип преку поставените новогодишни продажни штандови пред самите продавници во трговските центри. Тука корисниците можат да ги платат своите сметки, да ги погледнат најновите понуди на телефони како и да склучат нов договор за новата супер атрактивна промоција во постпејд тарифата Vip Mobile L со која добиваат зголемен 4G интернет од 10GB засекогаш, неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи и да ја започнат новата година со нов смарт телефон по супер цена.

Сите пак нови корисници и сите оние кои ќе направат обнова на својот договор на овој тарифен модел ја добиваат можноста да го добијат ексклузивно Samsung Galaxy Ј3 2017 и тоа со месечна рата од 239 денари или Motorola Moto C 4G за само 1 денар како и уште многу други смартфони.

Вип има изненадување и за корисниците на Vip Комбо со кое корисниците покрај можноста да ги комбинираат своите услуги и да заштедат, добиваат и празничен подарок и тоа полнач за телефон, слушалки или wi – fi рутер.  Сите Vip Combo корисници кои ќе склучат нов договор на 24 месеци добиваат можност да набават SMART телевизори по намалена цена, почнувајќи од 499 денари месечно.

Повелете, посетете ги новогодишните штандови на Вип и израдувајте се себе или своите најмили!