Општина Центар ги презема надлежностите на Град Скопје за издавање на одобренија за поставување на маси и столици пред кафулињата и кафеаните.

Досега кафанџиите поднесуваа елаборати за поставување урбана опрема во Град Скопје, кој им ги одобруваше, а Општината требаше да контролира и санкционира доколку се зафаќаше поголема јавна површина. Ваквата процедура создаваше потешкотии на општинските инспектори оти тие не се знаеше до каде се постапките со елаборатите и што е одобрено.

Најпрво угостителите ќе треба да достават елаборат до нас и откако ќе им го одобриме ќе побараат дозвола за вршење на дејност од Град Скопје. Во елаборатите ќе мора да се почитуваат условите кои пред една година ги донесе Градот, да има на тротоарите 2,5 метри простор за пешаци.

Овој Правилник треба да биде усвоен на Седница на Советот на Општина Центар до крајот на месецов. Потоа тој ќе биде основа за носење одлуки со кои за да се отвори кафуле во зграда, газдата треба да има дозвола од 51 отсто од станарите.