Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Скопје - граничен премин Долно Блаце

Магистралениот пат Скопје - граничен премин Долно Блаце во 10:30 часот е пуштен за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Претходно укинати се забраните за камиони и на патниот правец Кичево - Охрид преку планинскиот премин Пресека, како и на планинските превои Плетвар и Стража.

Забрани за камиони се уште има на планиските премини Ѓавато и Маврово, како и на патниот правец Валандово - Дојран.