Ноќно искачување до Водно

Денеска во 20:00 часот (20.07.2016) ќе се одржи „Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно„. Овој Настан е со јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот Крст. Патеката по која ќе се пешачи е долга прилично 5 км и се пешачи околу 1:30 до 2:00 часа.

Стартно и собирно место- пред “Оу. Кочо Рацин”. во 19:15 часот. На истото место групата ќе се врати околу полноќ.

За оние со послаби кондициони способности, се препорачува искачување само до средно Водно.

Заинтересираните кои сакаат да тргнат од средно Водно, да бидат кај фонтаната во 20:15 часот.

Планирана е една официјална пауза на Средно Водно, во траење од 5 до 10 минути.

Задолжителна опрема:
– Соодветни чевли за пешачење
– фенерче
– резервна маица
– 0.5/1.5 литри вода
– овошје, и храна по избор
– Ранец
– Фотоапарат
– Пари за чај