Ни снег, ни мраз не го симнува од велосипед скопјанецот Даниел

Скопјанецот Даниел Анастасов секој ден е на неговиот велосипед кој за него е многу повеќе од превозно средство. 

Кога еднаш ќе се качиш на велосипедот и нема да направиш пауза, нема ни да можеш без него.Со автомобил, за да стигнеш од точка А до Б зависи од многу фактори, што не е случај со велосипедот. Неговото искуство со возење велосипед во зима кажува дека возможно е да се вози и кога има снег. Само потребни се подебели гуми и да бидат поиздишани. Бара поголема концентрација, но вели така е и кога се пешачи по снег или мраз. Ако си внимателен, безбеден си.

Анастасов води кампања за подигање на свеста кај граѓаните за редовно користење на велосипедот како превозно средство дури и во зима. Секој ден прави по една фотографија од својот велосипед на некоја урбана локација во Скопје, а фотографијата ја постира на социјалните мрежи (хаштаг и'SkopjeTemperature и и'НаТочак). На секоја фотографија пишува и која била температурата во тој момент.