Неверството започнува на „фејсбук“

Претходно, стапувањето во контакт со други луѓе беше многу потешко, но денес постојат голем број на социјални мрежи преку кои можете да стапите во контакт со било кого. 

Постојат дури и платформи кои ви наоѓаат личност со која би можеле да го изневерите својот партнер, но и покрај тоа, најчесто неверствата започнуваат токму на „Фејсбук“.

Во истражување спроведено во Велика Британија, дури 45% од мажите признале дека барем еднаш ја имаат изневерено својата жена или девојка. Не е занемарлив ни бројот на жени, односно дури 21% од нив признале дека го изневериле својот партнер. Дополнително на тоа, приватна детективка од Австралија, која се занимава со откривање на вакви афери, вели дека потенцијалните „љубовници“ не се среќаваат во баровите, туку на фејсбук. 

-„Луѓето се среќаваат на социјалните мрежи, па од таму тргнуваат сите потенцијални неверства. Колку се луѓето поповрзани, поголеми се шансите да дојде до неверство. Допочнително, во 90-95% од случаите, неверството може да се докаже и дека, а многу ретко осомничениот излегува невин...“.