Направете го колачот на нашите баби готов за 15 минути без мака и печење.

СОСТОЈКИ:

250 гр млеко

300 гр шеќер

100 гр чоколадо

250 гр маргарин

500 гр плазмаГЛАЗУРА

100 гр чоколада

3-4 лаж масло

ПОДГОТОВКА:

Се пржи шеќерот за да се направи карамел, па се става млеко и се вари додека не се растопи шеќерот.

Се додава чоколада, маргарин, претходно иситнет, и плазма мелена.

Смесата се оформува како за бајадери и се прелива со чоколада за глазура, растопено со масло.