Неколку физички напади за време на викендот евидентирани во Скопје

Неколку физички напади во Скопје бележи билтенот на МВР за време на викендот. На 20.01.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје, З.К.(50) од Скопје пријавил дека на подрачје на Ѓорче Петров – Скопје три лица физички среде бел ден го нападнале и му одзеле чанта со лични документи.

Истиот ден во 15.20 часот во СВР Скопје, З.К.(44) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот на подрачје на Аеродром – Скопје, по кратка расправија, била физички нападната од С.И. од Скопје.

Во текот на вчерашниот ден МВР бележи уште еден физички напад. Во 02.00 часот после полноќ во СВР Скопје, Р.Н.(21) од Скопје пријавил дека на 20.01.2024 во угостителски објект на подрачје на Центар – Скопје бил физички нападнат од неколку малолетници.

И на 21.01.2024 во 03.25 часот во СВР Скопје, Д.Б.(55) од Скопје пријавил дека на 20.01.2024 во угостителски објект на подрачје на Центар – Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Од МВР известуваат дека во врска со овие случаи се постапува по истите и се превземаат мерки истите да се расчистат и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.