Неколку делови од Скопје утре без струја

Поради изведување на технички работи утре без струја ќе останат неколку делови од Скопје.

Според информациите од ЕВН Македонија без електрична енергија ќе бидат:

  • од 09,00 – 15,00 часот ул. Солунска Глава во Драчево (о. Кисела Вода) и дел од с. Глумово (о, Сарај);
  • од 12,30 – 15,00 часот ул. Јустинијан Први во Драчево (о. К. Вода);
  • од 09,00 – 12,00 часот дел од ул. Студеничанска (о. Кисла Вода);
  • од 09.00 – 11.00 часот ул. Бел Камен – броеви 8, 9 и 10; ул. Васил Ѓоргов броеви 5 и 12 и ул. Козара бр. 5 (о. Центар);
  • од 08.20 – 11.30 часот  дел од улиците: Јосиф Ковачев, Вера Циривири Трена, Штросмаерова, Христо Ботанџиев, Даутица, Сагудати, ул. Ѓорче Петров броеви 31 – 35 (зрадите) и дел од ул. Смољани (о. Ѓорче Петров) и
  • од 08,30 – 11,30 часот потрошувачите од улиците Невена Георгиева Дуња, Дренак и Балзакова (о. Кисела Вода).