Недостатокот на цинк предизвикува сериозни заболувања

Недостатокот на цинк  во организмот може да предизвика сериозни заболувања: рак, срцеви болести, автоимуни заболувања или дијабетес.

Лошата исхрана и неспособноста на организмот да го апсорбира цинкот со одминување на возраста често води до дефицит на тој минерал.

Овој дефицит води до нарушување на ДНК и до системско воспаление, кое се поврзува со развивањето на повеќе дегенеративни заболувања. За жал, досега не е испитано ова дејство и штетите предизвикани од него не можат точно да се дефинираат.

Спротивно на ова пак, високото ниво на цинк во организмот ја намалува апсорбцијата на другите хранливи состојки, како железото и медот, и може да нанесе значителни штети на здравјето.

Храна богата со цинк: морски плодови, семки од тиква, црн дроб, говедско месо, темно чоколадо и какао, јагнешко месо, кикирики.