Не се плашам од љубовта, само мразам да бидам ранлива

Ранливоста е страшно чувство. Стравот од одбивање спречува многу работи уште од самиот почеток. Ние незнаејќи спречуваме некои работи да се случат уште пред да започнат да се случуваат.

За повеќето луѓе не е толку едноставно да излезат во светот. Не сакаме пребрзо да ги спуштиме ѕидовите, никој не сака да биде повреден. И многумина од нас биле повредени во минатото и не сакаме нашите рани повторно да се отворат.

Се плашиме од реакцијата на личноста кога ќе ги срушиме нашите ѕидови и кога конечно ќе ја пуштиме таа личност во нашите животи.

Не сакаме тие да си заминат или да не судат. Сакаме да бидеме прифатени и сакани, но стравот од незнаењето што ќе ни донесе ранливоста е тоа што не спречува да продолжиме понатаму.

Но, низ маките и ранливоста доаѓа развојот. Вистината е дека ранливоста е прекрасна и сирова.

Им дозволува на луѓето да го видат твоето срце. Кажува приказна за твојот живот и за личноста која си денес.

Не е слабост тоа што сакаме да дозволиме некој да влезе во нашиот живот со тоа што ќе ги искажеме нашите чувства. Но, не се прави доволно често.

Ранливоста е здрава, таа е патот кон лечење на раните од минатото кои можеби се уште не сте ги надминале.

Дозволете си себеси да и допуштите на таа една личност да влезе во вашиот живот. Бидете сирови и не се плашете. Живејте без каење за тоа што можеле да бидете и дајте и шанса на љубовта.

new nike air max 2019