Не можете да влезете во новогодишниот фустан? Еве како на лесен начин да ослабете до Нова Година

Се ближи Нова Година, а вие и се уште не можете да влезете во фустанот кои сте го избрале? Не очајувајте. Постои начин како да се ослободите од токсините и непотребниот вишок на килограми.

Ако се придржувате на оваа диета за еден месец, ќе изгубите и до три килограми масти и непотребни шеќери кои се наталожиле.

Клучот е во посната храна следена со внесување на течности и здрава храна која помага во забрзување на метаболизмот и лесното губење на тежина. Заедно со здравата исхрана треба да се одвои и време и за кардио вежби. Нутриционистката Милка Раичевиќ подели совети со нас за тоа како да бидете витки и подготвени за празниците кои ни претстојат.

ПОСТЕТЕ

Свежото овошје и зеленчук содржат витамини кои ни се потребни во секојдневните активности. Наместо да внесувате вештачки шеќери, свртете се кон плодови кои ќе го задоволат вашиот хормон на среќа и вашиот имунитет ќе го доведе на совршено ниво. Многу љубители од поубавиот пол не внесуваат доволно зеленчук во својот брз начин на живот, а што е многу важно за здраво тело и витката линија. Доколку не ви се допаѓа свеж зеленчук, можете да го спремите со готвење со додадени зачини. Избегнувајте ја солта.

ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ

Овој принцип на детоксикација на телото трае три недели, доволно да влезете исчистени во следната година.

  • Првата недела – секое утро земете една супена лажица мелено ленено семе со 100 мл кефир.
  • Втора недела – наутро консумирајте до две супени лажици мелено ленено семе со 100 мл кефир.
  • Трета недела – кога ќе се разбудите, секое утро земете три лажици мелено ленено семе со 100 мл кефир.

Печурките се одлични за отстранување на токсините, а може да се подготвуваат на многу интересни начини

ВНЕСУВАЈТЕ МНОГУ ТЕЧНОСТИ

Пожелно е да се консумираат осум до десет чаши вода на ден. Супи со мешан зеленчук и мисирка се исто така, многу хранливи, а немаат многу калории. Пожелно е да се воведе просо и овес во редовната исхрана, наместо производи со бело пченично брашно. Протеините кои содржат млечни производи треба да ги отстраните. Млекото од бадем и кокос погодно влијаат на нашето тело.

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Повеќето жени немаат навика за редовно вежбање, а тоа не е добро. Ако сакате витка линија, ќе мора во дневната рутина на вежбање да вметнете и кардио вежби, како скокање на јаже, трчање или вежби со хула – хоп обрачот.

Ако се придржувате на овој режим, сигурно ќе изгубите 2 – 3 килограми за еден месец и да се ослободите од несаканите отрови. Блеснете за Нова Година и уживајте во добриот провод!

Како да се направи млеко од бадеми?

 Една шолја бадеми натопете ја во вода и оставете ја така цела ноќ. Исплакнете ги бадемите и отстранете ја лушпата од нив. Потопете ги со три чаши вода и потоа ставете ги во блендер. Добиеното млеко можете веднаш да го консумирате или да го процедите.