Не им се враќај на старите љубови...

Не им се враќај на старите љубови

Не им се враќај на старите љубови,
додека дамнешните дождови лијат,
поинакви биле тие,
од овие есени и зими.
Не им се враќај на старите љубови.

Не им се враќај на старите љубови,
да се скриеш, да се тешиш,
кога на дамнешите денови ќе се сетиш,
кога самотијата расте како плима.
Не им се враќај на старите љубови.

Затоа што злочинецот
насред мрак,
вечно оди во тој крај.
Старата љубов е како замкка,
никогаш не ѝ се враќај.

Не им се враќај на старите љубови,
не чукај на иста врата,
таму огнот е згаснат,
отиди понатаму каде топлина има.
Не им се враќај на старите љубови.