Наумче Мојсовски: Стоп за уништувањето на Скопје!

Еден од најдобрите ракометари во земјава го искажа својот револт од последните случувања во земјава, особено сквернавењето на Порта Македонија преку Фејсбук статус во кој вели:

- Нема поголема чест од тоа да се промовира татковината, нема посилно чувство од тоа да се придонесува за својата земја. Македонија е мала земја, но со големо срце. Како репрезентативец секогаш сум играл со цело срце за мојата земја. Секој спортски успех, на било кој спортист претставува заеднички успех, мој, твој, на твојот сосед и роднина. Портата Македонија ги обединува сите спортски успеси. Таму е релјефот на илинденците, партизаните, децата бегалци, таму е светото сонце по кое нас Македонците не препознаваат во светот. Сквернавењето, боењето, уништувањето на сето тоа значи газење на почита кон сите оние кои се значајни за оваа држава, крвта и потта на партиотите, трудот на спортистите, заедничките успеси. Стоп за уништувањето. Тоа не е мојата Македонија, која ја претставувам целата моја кариера!

Миленикот на публиката застана против уништувањето на спомениците во Скопје, за кој вели дека се заедничка гордост која не треба да е предмет на истурање на лични фрустрации.