Нападнале вработена во маркет па ја ограбиле

Вчера во 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица физички нападнале вработена во маркет на подрачјето на Аеродром. Откако лицата го сториле делото, на вработената и ги одзеле парите.

Од МВР известуваат дека ги преземаат сите мерки за расчистување на овој случај.