Наместо пријатно место за одмор, Градски парк личи на депонија (фото)

Купишта ѓубре, расфрлани насекаде ваква беше сликата утрово во Градскиот парк.

-Наместо пријатно место за одмор, за прошетка парков повеќе личи на депонија. Секој ден шетам овде и преку ден нема инциденти, но преку ноќ младиве дивеат. До каде ќе одиме со ваква младина, не знам - вели еден редовен посетител на паркот.

-Секоја недела е вака, сметам дека треба да има дежурни полицајци во парк. Вчера имаше многу ученици, и тоа е ептен тажниот момент, бидејќи тие би требало да се иднината, вели една скопјанка.