Најпопуларниот колач на светот има неверојатен вкус, а се прави полесно од пудинг!

КРЕМ БРУЛЕ - Овој колач можете да го подготвите многу лесно, евтино и брзо. Бидејќи крем брулето е еден од најскапите колачи во рестораните, зошто не пробате да заштедите пари и да си подготвите сами?

Чувството да се скрши слој од карамелизиран шеќер со лажичка е едно од најубавите чувства на светот. Меѓутоа, наместо да одите во ресторан и да давате големи суми на пари за ова кремасто задоволство кое се јаде за неколку секунди, можете и сами да си го направите дома. И тоа многу едноставно!

Потребно е:

- 4 шоља слатка павлака

- 4 лажици екстракт од ванила

- 6 жолчки од јајца

- 1 шоља шеќер

Подготовка:

Помешајте ја слатката павлака со екстракт од ванила и ставете да се загрее. Треба да биде топла, но не да зоврие. Во посебна чинија со лажица изматете ги жолчките со половина шоља шеќер, па постепено додавајте ја топлата слатка павлака мешајќи со лажица. Добиената смеса ставете ја во керамички сад, кој подоцна ќе го ставите во длабок плех наполнет со вода. Водата треба да биде од прилика до половина на керамичкиот сад. Ставете да се пече на 165 степени околу 45 минути. Крем брулето не треба да биде потполно тврдо, туку да се тресе како пудинг во средината.

Оставете да се излади и покријте со пластична фолија. Ставете го во фрижидер и оставете да отстои два часа. Потоа, останатата половина од шољата со шеќер, посипајте ја врз колачот и со помош на бренер карамелизирајте. Ако немате бренер, можете и да искористите запалка за шпорет на плин. Оставете да се олади пола час, а потоа уживајте!