Најмногу снег во Лазарополе, во Охрид и Претор повеќе од Крушево

Најмногу снег има во Лазарополе каде што висината на снежната покривка е 17 сантиметри, додека во Крушево наврнати се само шест сантиметри. Повеќе снег од Крушево има во Охрид и Претор каде висината на снежната покривка изнесува осум сантиметри.

Слаб снег утринава има во Крива Паланка, а во изминатите часови и во Берово.

Утринава најстудено е во Берово каде се измерени -3 степени, а најтопло е во Скопје и Демир Капија каде утринската температура е два степена.

До осум часот утринава најмногу дожд има наврнато во Лазарополе, а најмалку во Крива Паланка.

Врнежи од дожд ќе има до попладневните часови долж Повардарието, а на планините на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег. Утринава дува слаб претежно северозападен ветер, освен во Ѓуриште каде ветерот е умерен северозападен. Од пладне се очекува умерен до повремено засилен северозападен ветер кој ќе биде најизразен на југоисток, а облачноста ќе се намалува. Температурата ќе се движи од 4 до 11 степени.

Во Скопје претпладне сеуште ќе има повремен слаб дожд, а потоа ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер и облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне до девет степени.

Веќе од утре се очекува стабилно и суво време со магла по котрлините и по речните долини. Во следните два дена, утринските температури ќе бидат пониски, а за време на викендот преку ден, особено на југоисток, ќе достигнуваат и до 15 степени, со исклучок на местата каде со магла.