Најчестата причина поради која врските се распаѓаат

Врските треба да се пред сè интересни, но и за вас да претставуваат место во кое наоѓате мир, љубов и поддршка од другата личност.

Најчестиот систем на функционирање на врските е оној  каде едниот партнер има страв од отфрлање, а другиот пак има страв од претерана поврзаност. Стравот од отфрлање најчесто резултира со нервоза, страв, но и голема потреба постојано да се биде со другата личност.

Ваквите проблеми се јавуваат и тогаш кога двете личности навистина се сакаат, но често тие најпрвин мораат да научат да се сакаат себеси онакви какви што се пред да ги засакаат другите.

Недостатокот на самопочит и љубов кон себеси резултира со претерана потреба за внимание од другата страна и желба за постојано докажување на љубовта, која ја немаме ни од самите себеси.

Затоа, најважно е да научиме да се сакаме себеси и да поставиме одредени граници најпрвин пред себеси за да можеме нормално да функционираме во врската без постојаниот страв дека можеме да ја изгубиме другата личност.