На Заев му се допаѓа идејата аеродромот во Скопје да се вика „Киро Глигоров“

Ми се допаѓа идејата аеродромот во Скопје да се вика „Киро Глигоров“, но јас сум само еден од граѓаните на Република Македонија, сакам да ги слушнам и другите мислења, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

– На прва рака ми се допаѓа идејата. Сакам да ги слушам внимателно граѓаните, нека се развие дебата, ние им стоиме на располагање на граѓаните да им служиме во целост, рече Заев.

Оваа идеја дојде од Дипломатскиот клуб – Скопје.