НА ПЛОШТАД: Тераса со фонтана и ангели - се гради споменикот на Мајка Тереза

Во близина на плоштадот „Македонија“, кај зградата на Комерцијална банка, се гради споменикот за Мајка Тереза, со кој ќе се оддаде почит кон ликот и делото на познатата скопјанка.

Изведувачот треба да изгради објект со тераса, фонтана, како и споменици на Мајка Тереза, милосрдни сестри, ангели, декоративни венци во форма на пехар и други релјефи. Според документацијата, фонтаната треба да биде направена од големи карпести површини од травертин, со што ќе се добие изглед на природна карпеста површина. Во карпестата фонтана ќе бидат поставени скулптури од бел мермер на Мајка Тереза со болно дете и родители, милосрдна сестра со инвалид, милосрдна сестра со болен што седи, милосрдна сестра со болен што лежи и милосрдна сестра со болен што седи на карпа.

На објектот пак на висина од 16,5 метри ќе бидат поставени централен ангел со крилја висок 3 метри, 4 ангели што седат со висина од три метри, 4 мали ангели со висина од 2 метри. Објектот ќе има и тераса под која ќе бидат поставени декоративни скулптури, а ќе има и декоративен елемент во форма на пехар.

Министерство за култура за овој проект располага со буџет од 343.000.000 денари, а новата  Скулптурна композиција треба да биде готовоа во при крајот на јуни наредната година.