На пазарот на труд отворени 8000 работни места - Кои се најбараните позиции?

Според податоците со кои располага Агенцијата за вработување на Република Македонија, на пазарот на труд во моментов се отворени 8 000 работни места.

Во групата дејности за кои не е потребна фисока стручна спрема, преработувачката индустрија доминира со побарувањето на работна сила, потоа следуваат градежништвото и угостителството, како и трговија на мало и големо.

Дипломиран кадар, пак, бараат во ИТ индустријата, фармацефтската, архитектонските компании и оние кои нудат услуги од областа на градежен и машински инженеринг. Работодавачите истакнуваат дека работа има, но се потешко е да се најде соодветно едуциран кадар. Според статистиките, невработеноста, полека се намалува, особено кај критичните групи граѓани. На официјалните статистики треба секогаш да се гледа со резерва, бидејќи застапеноста на сивата економија ги пополнува дупките па реално ситуацијата не е толку драматична како што изгледа. Официјалната бројка е на историски најмал процент од 24,6% во последниот квартал, што и понатаму значи дека секој 4ти работоспособен жител нема редовни примања. Невработеноста кај младите, на годишно ниво е намалена за 5%, на што исто така треба да се гледа со резерва поради постојаниот одлив на високошколуван кадар. Сепак, политиките спроведени од извршната власт, во насока на вработување на младите, според анализите работа пронашле или отвориле свој бизнис околу 22 000 млади луѓе.