На Клиниката за детски болести малата Андреа подари играчки на болните дечиња

Добротворната акција почна во Струга а заврши во Скопје. На неа многу граѓани, поточно многу дечиња, донираа дел од своите играчки за најмалите пациенти од Клиниката за детски болести. 

Собраните играчки од струшките граѓани во акцијата предводена од нашата мала хуманитарка, Андреа, им беа доделени на децата со канцер во Универзитетска Клиника за детски болести во Скопје.

Големи емоции, насмевки и незаборавни спомени се внесоа низ собите и ходниците на клиниката каде лежат болните дечиња.