На Источна Македонија и се потребни сезонци за работа

Сезонски работници за берба и се потребни на Источна Македонија.

Бербата треба да почне на 1 јули и ќе заврши до 12 јули. Овоштарите во Малешевијата велат дека сезонски работници тешко ќе најдат затоа што регионот е иселен, а младите кои живеат во овој дел на Македонија не сакаат да се занимаваат со ваква работа. Дневниците се движат од 700 до 1200 денари со појадок за 8 часа ангажман, но младите ги одбиваат ваквите понуди за работа.

Во Виница велат дека мигранција во странство има. Бербата на овошје за помладите генерации не е предизвик. 

Одливот на младите луѓе надвор од државата има погубни резултати на терен и си го зема својот данок. 

Лани во источниот регион се произведени 2 584 тони вишни, покажуваат податоците објавени во публикацијата Регионите во Македонија на Државниот завод за статистика. 

Ако во јуни 2015 година регионот имал вкупно население од 177 145 лица, една година подоцна имал 176 568 луѓе. 

 

Извор: фактор.мк