МЖСПП: Вонреден инспекциски надзор над пратка со РДФ-отпад

Државниот инспекторат за животна средина информира дека во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со преработено алтернативно гориво од комунален отпад (РДФ), запрена на граничниот премин Богородица, помеѓу Република Северна Македонија и Грција.

Како што се наведува, по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста.