Канадски научници спровеле истражување кое покажало дека музиката може да го намали чувството на напор за време на вежбањето, па дури и да не направи посилни. Имено, научниците забележале дека испитаниците во четиринеделното истражување кои за време на кревањето тегови слушале музика, значително ја зголемиле нивната сила во однос на испитаниците кои за време на вежбањето носеле чепчиња за уши.

Авторите на студијата советуваат лицата кои вежбаат да одберат музика што најмногу ги мотивира.