Актуелниот Закон за поддршка на домашната продукција е тешко применлив и не ја исполнува функцијата за која е донесен, беше заклучено на вчерашниот состанок меѓу претставниците на министерството за култура и Македонската радио телевизија.

Целта на состанокот беше да се разгледаат опциите за разрешување на состојбата со примената на законот.

Исто така, констатирано е дека Македонската радио телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на вториот и третиот квартал од 2017 година.

Преставниците на Министерството за култура и МРТ се договорија во иднина заеднички да ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција.