Да се биде сам не значи и да се биде осамен. Слободните луѓе имаат повеќе време за да се посветат на своите потеби. Доколку нема друга личност на повидок, време е да почнете да уживате во времето кое можете да си го посветите себеси.

Секогаш ставајте се на прво место

Направете нешто за себе, нешто што сакате и во коешто уживате, без оглед на тоа дали се работи за некаков курс или јога, она што е важно да го правите тоа што вам ви годи.

Себичноста не е секогаш лоша работа

Кога сте сингл не правите компромиси околу филмот кој ќе го гледате или во кој ресторан ќе вечерате и единствено е важно она што вие го сакате. Иако на почетокот изгледа како голем предизвик, носењето одлуки без консултирање со партнер, на крај ќе ве направи независна и силна личност.

Фокусирајте се на сегашноста

Ако сте од оние кои се планираат однапред или премногу ги анализирате ситуациите, најдобриот начин за прекинување на тие навики е времето кое го поминувате сами. Направете план и почнете да правите некои работи, а телефонот оставете го дома, такашто ништо нема може да ви смета. На тој начин ќе научите да живеете и уживате во сегашниот момент.

Препуштете се и уживајте во времето кое го поминувате сами

Гледајте ја омилената серија или препуштете се на читањето на некоја интересна книга и уживајте во тоа. Често практикувајте ги овие себични моменти.

Животот почнува кога ќе ја напуштите комфорната зона

Направете нешто што претставува голем предизвик за вас или дури предизвикува извесна доза страв, нешто што се наоѓа надвор од зоната во која се чувствувате безбедно и сигурно. Прекинете ја рутината и направете нешто што не е вообичаено за вас.