Почнав да мислам дека можеби јас едноставно не сум за љубов.

Можеби мојот проблем е тоа што мислам дека љубовта треба да биде магична, а не логична. Мојата душа бара електрицитет, искри, поезија и начинот на кој еден бакнеж од сродната душа може да направи светот да исчезне.

Сепак, колку и да ми е потребно тоа, колку и да ја давам мојата љубов на други, никогаш не ми е возвратена. Но, уморна сум од тоа да се лажам себе, да се преправам дека пријателствот е единствената можност. И уште повеќе сум уморна од тоа да верувам во љубов и да имам верба дека еден ден нема да легнувам сама навечер.

Мислам дека конечно сфаќам дека можеби никогаш нема да бидам сакана онака како што ми е тоа потребно.

Можеби мојата судбина е да бидам сама, можеби судено ми е да давам, но не и да добивам.

Претпоставувам дека на многу начини тоа е моја вина, бидејќи секогаш ја гледам светлината, дури и во темнината. Никогаш не се фокусирам на причините зошто нема да функционира, само на причините зошто би функционирало.

Секогаш сум била романтична, човек што ги сака филмовите во кои љубовта секогаш победува. Но, не сакам обична љубов. Не сакам другите да не одобруваат само затоа што имаме заеднички работи или би бил добар додаток на моето семејство. Не сакам маж само затоа што има логика да сме заедно.

Сакам маж кој ќе се бори за мене, за нас, на истиот начин на кој и јас би се борела.

Некој кој не само што ми кажува дека вредам, туку и го покажува тоа со дела.

Не мислам дека барам многу. Не мислам дека е лудост да мислиш дека некогаш љубовта изникнува на најневеројатни места и кога тоа ќе се случи, наместо да избегаме, треба да го браниме она што ни е важно.

Не знам што ќе донесе иднината. Не знам дали можеби еден ден ќе има маж кој ќе се бори за мене. Не знам дали некогаш ќе бидам сакана. Можеби љубовта не е за мене. Можеби мене ми е судено да одам сама низ животот давајќи безусловна љубов на луѓето со кои ни се вкрстуваат патиштата. Можеби само во мојата осаменост можам да сакам како што сакам.

Но, не верувам вистина во тоа. Затоа што знам дека не е погрешно тоа што го чувствувам и сакам. Затоа што научив дека во љубовта ги добиваш најубавите работи ако веруваш дека постои.

А за мене, подобро би ги минувала моите денови сама, верувајќи во оваа хаотична, тешка и прекрасна визија за љубовта отколку да се помирам со бледиот вкус на партнерство без страст.