Вчера во 18,10 часот во Скопје на ул.„Франклин Рузвелт“ возило „Мазда 6“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.А.(72) удрило во пешакот Б.Н.(18) од Скопје.

Веднаш по незгодата, пешакот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники Мајка Тереза, каде биле констатирани  тешки телесни повреди (фрактура на главата) и Б.Н. е во животна опасност.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.