Момче претепано и ограбено во Жена парк

Дваесет и едно годишниот скопјанец Д.П. вчера околу 19:50 часот бил физички нападнат и ограбен во паркот „Жена Борец“.

Според информациите од полицијата десетина непознати лица извршиле насилство над момчето при што физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци, по што побегнале, а Д.П. забележал дека му го нема и рачниот часовник.