Молитва за добро расположение

Господе, дај ми добрo варење,
а и нешто за варење.

Дај ми телесно здравје,
со добро расположение кое ми е потребно
за да го сочувам.

Дај ми Господе, света душа,
на која богатство ќе ѝ биде она што е добро и чисто,
да не се преплаши од гревот,
туку во твојата присутност да најде
начин работите повторно да ги доведе во ред.

Дај ми душа која не знае за здодевност,
мрморење, воздишки и јадови
и не дозволувај премногу да се мачам
поради оној пренаметливиот
кој се нарекува „јас“

Дај ми Господе, смисла за хумор,
додели ми милост за разбирање на шегите
во животот да запознаам малку радост
и да ја споделам со другите.

Така нека биде – Амин.

Томас Мор

new nike air max 2019