Моето срце беше скршено, повеќето желби не ми се остварија, но сепак бев најсреќната жена на светот

„Сметам дека бев најсреќната жена која некогаш живеела. Секако дека моето срце беше скршено и повеќето од моите желби не се остварија. Се разочарав самата себеси со своето однесување, а и другите ме разочараа. Ги надживеав речиси сите луѓе кои ги сакав. Ми остана уште сестрата која ја немам видено повеќе од 30 години и со која не бев блиска во поголемиот дел од мојот живот. 

Немав славна кариера. Имав само оригинална идеја во мојот живот и излезе дека тоа била важна идеја, онаа која можеше да ми даде шанса да бидам познта. Меѓутоа се колебав да ја изнесам и затоа ја пропуштив својата прилика. Немам маж. Немам потомци. Еднаш имав богатство, но го подарив. Очите ме издаваат, а белите дробови и нозете ми задаваат потешкотии. Ќе умрам од другата страна на океанот, во однос на местото каде што се родив и ќе бидам погребана тука, далеку од моите родители и сестра. Сигурно сега се прашувате: Зошто оваа ужасно несреќна жена се нарекува себеси среќна?

Навистина верувам дека сум среќна. Среќна сум, затоа што успеав да го поминам целиот својот живот проучувајќи го светот. Овој живот е мистерија и често е искушени, но ако човек може да пронајде некои факти во неговите граници, тоа секогаш би требало да го прави, затоа што знаењето е најдрагоцено од сите работи.“

Елизабет Гилберт, „Потпис на сите работи“