MOБ: Презакажани премиерата и репризата на мјузиклот „Тајно моја“

Македонската опера и балет ја информира јавноста дека на 9 март (четврток), ќе се одржи балетскиот спектакл „Клеопатра“.

На 10.03. (петок), ќе биде изведена сценската кантата „Кармина бурана“. Премиерата и репризата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, кои беа закажани за 10 и 21.03. се презакажуваат за 24 (петок) и 26 март (недела), а се закажува и трета претстава во вторник на 28.03.2017.

Исто така, информираме дека МОБ продолжува со т.н. Детски викенд. Наредниот викенд (сабота и недела, 04. и 05.03.2017 г), на малата сцена во МОБ ќе биде изведена детската претстава „Операта на шумските животни“ во два термини, од 12 и 13 и 30 часот.