Млада месечина во Близнаци носи важни новини за сите хороскопски знаци

Само еднаш годишно Близнаците имаат млада Месечина во својот знак, а оваа година тоа се активира на 22 мај.

Со младата Месечина во Близнаци се буди желбата кај многу луѓе за новини, особено на полето на емоциите, така што на многумина ќе им пречи монотонијата. Ова е многу важен период за зацртаните цели на кои треба да се посветите за време на ова владеење.

Многу важни информации и сознанија ќе испливаат на површина. Младата Месечина ќе има аспект со Сатурн во Водолија така што ќе носи укажувања кај одредени личности кои се промислени, конзервативни и сериозни.

Близнаци

Кај Близнаците оваа месечина носи големи погодности. Ова ќе биде период кога ќе оставате голем впечаток кај другите луѓе, па затоа ослободете се и дозволете вашиот шарм да го направи своето. Ќе успеете да се покажете себеси во сосема ново светло, на тој начин ќе ви се зголеми самодоверба а ќе успеете да освојувате со нејзина помош и со вашата енергија и харизма.

Лав

Драги Лавови, потрудете се да не се потпирате само на себеси овој период, туку слободно побарајте помош од другите луѓе. Можни се непланирани трошоци на кои ќе морате да влијаете. Советот е да го правите тоа со трпение и да не брзате никаде бидејќи работите сами ќе дојдат на свое место.

Шкорпија

Кај Шкорпиите, оваа млада Месечина ќе ја разбуди свеста за другите луѓе. Многу Шкорпии ќе имаат зголемена интимност со својот партнер. Некои Шкорпии може да имаат проблеми со парите кои не се нивни. Внимавајте да не влезете во долгови бидејќи и ретроградниот Јупитер може да ви донесе неволја.