Министерот Филипче најави потежок период во кој се очекува поголема бројка на заразени и починати

Граѓаните треба да бидат свесни дека пред следува тежок период во кој очекуваме зголемување на бројката на лица кај кои ќе биде потврден корона вирусот, но и за жал зголемување бројката на лицата кои ќе починати. Ова на денешната прес конференција го нагласи министерот Венко Филипче 

Тој додаде дека не постои тест кој што дава 100% точни резултати при тестирањето за корона вирусот, и епидемиолозите сметаат дека во моментот не треба да се оди со масовно тестирање, затоа што тоа може да даде лажни информации кои би влијале со олабавување на граѓаните. 

Болницата во Битола каде што е детектиран доктор позитивен на корона вирусот ќе биде затворена до завршување на периодот на изолација, информираше Филипче.