Милошоски: Пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски објави дека пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија. Тој вели дека на на цедило се оставени 600 илјади македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење.

- “Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија“ напиша Милошоски

Тој притоа им се заблагодари на колегите пратеници кои гласаа за овој предлог.