Метропола без јавни тоалети

На територијата на главниот град под ингеренција на градските власти се само три јавни тоалети, и тоа два го Градскиот парк и тоалетите под мостотот „Гоце Делчев“. Одржувањето на овие три тоалети го врши Јавното градско претпријатие „Паркови и зеленило“.

Тоалетите во Градскиот парк и под мостот „Гоце Делчев“ се во функција од април до декември и се врши нивно одржување два пати неделно, како редовна активност, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје.

–  За одржување на наведените јавни тоалети се задолжени три вработени лица, како и екипа од водоинсталатери, која е задолжена за одржување при појава на дефекти, одговараат од ЈП „Паркови и зеленило“, уверувајќи дека за одржување на тоалетите се одвојуваат соодветни парични средства.

Последен пат овие тоалети се реновирани пред пет години, но од ЈП „Паркови и зеленило“ посочуваат дека „секоја година набавуваат казанчиња, чешми и друг потребен потрошен материјал за одржување на санитарните јазли“.

Од Општина Центар немаат точни податоци колку јавни тоалети има на нејзина територија.

– За јавните тоалети, кои најчесто се монтажни и поставени на територијата на општината, се грижат самите инвеститори, односно монтажерите. Од буџетот на Општина Центар се одвојуваат 0 денари за одржување јавни тоалети, информираат од Општина Центар.