МЕТЕО: Денеска облачно, викендов сончево и топло

Претежно облачно со умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Во ноќните часови во западните делови повремено ќе провејува снег.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 4 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 0 до 9 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 1 и дневна до 5 степени.

И во петок ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер, кој ќе предизвика во петок и сабота да нема магла по котлините.

За време на викендот ќе преовладува сончево и малку потопло време со мала до умерена облачност