Месечен хороскоп за април

Што ни носи априлскиот хороскоп?

На полето на љубовта и страста, ова е лизгав терен, со многу промени и променливо расположение. Емоциите тешко можат да се контролираат.

Овен

Работа

Насочете се на решавање на оние работи кои не сте успеале да ги решите во текот на изминатите месеци. Обрнете внимание на конкуренцијата на работа, како и на другите работи кои ви пречат. Ви недостасува мотивација и затоа напредокот ќе биде побавен од вообичаено.

Бидејќи постојано имате потреба да брзате и да се натпреварувате, така и овој месец ќе бидете во истото расположение. Сепак, внимавајте на грешките.  Ве очекуваат преговори позади затворени врати, а покрај тоа ве очекуваат и договори со соработниците за заеднички проекти. Тоа ќе се одвива многу успешно.

Внимавајте на непотребни трошоци  инвестиции.

Љубов

Ако сте во врска:

Ќе бидете постојано склони да криете нешто од партнерот. Вашето чудно однесување ќе предизвика сомнеж кај саканата личност, што може да доведе до несогласувања и заладување на односите.

По некое време, конечно ќе излезете од фазата на молчење и ќе бидете поискрени. Нема директно да кажете што се случува, но ќе се потрудите да ги остварите работите под контрола.

Ако сте слободни:

Венера ви носи средба со личност од минатото, што во вас ќе пробуди стари чувства. И бившата љубов нема да остане рамнодушна, па би можело да дојде до обновување на врската. Романсата ќе трае 2-3 недели, до крај на месецот.

Здравје

Вашето движење е неопходно. Морате да го искористите убавото време за да бидете активни. Чистиот воздух и сонцето ќе ви ја вратат енергијата и доброто расположение. Се препорачува исхрана со свежо овошје, а помалку зеленчук и месо.

Бик

Работа

Април ја започнува конјукцијата со Марс и Сатурн. Ќе бидете цврсто решени во своите намери да ја проширите професионалната дејност и да преземете конкретни чекори. Сепак, вашите планови малку ќе бидат нарушени од квадратот на Меркур со Марс и Сатурн, што ќе ви ја отежнува координацијата со колегите.

Нема да можете сосема јасно да ги согледате своите приоритети, но за среќа тоа нема да трае предолго. Ќе имате подобар преглед на работата и ќе можете подобро да се организирате по 11 април.

Вашата финансиска ситуација на почетокот на месецот ќе биде променлива, а трошоците ќе бидат зголемени. Од средина на април, полека ќе ги зголемите своите приходи.

Љубов

Ако сте во врска:

Комуникацијата со саканата личност ќе биде отежната на почеток на април. Нема да можете да се ускладите околу меѓусебните потреби. Би било добро да организирате заедничко патување со саканата личност. Тоа би било полн погодок, за подобрување на односите меѓу вас.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате потреба да влезете во сериозна врска на почетокот на месецот. Ако бидете сигурни што ви е потребно, ќе најдете и личност која ќе ви одговара за тоа. Веќе  на средината на месецот, ќе привлечете некој како магнет. Ќе остварите силна врска полна со еротски набој, но и емотивна поврзаност.

Сите Бикови ќе бидат романтично расположени овој месец.

Здравје

Здравјето ќе биде стабилно во првиот дел од април благодарение на Венера која владее со вашето поле на здравјето. Избгнувајте стресни ситуации, и најдете време за психофизичка релаксација. На прво место ставете го овошјето, ќе ви годи овошје како цреши, јагоди и манго. Користете и семки, но конзумирајте и брусница и сушени смокви.

Близнаци

Работа

Почетокот на месецот ќе ви ги разбистри недоумиците кои во изминатиот период ги имавте околу соработката и изборот на соработниците. Ќе ви биде појасно на кого можете да се потпрете, но и што треба да направите.

Во текот на месецот ќе имате и тешки и неуспешни разговори и преговори со клиентите и соработниците. Но, на 14 април ќе ги надминете сите тешкотии и ќе соберете сила за нова соработка.

Бидете внимателни во соработката со жените на 17 април. Избегнувајте ризици од секаков вид тој период и обрнете внимание на конкуренцијата.

Љубов

Ако сте во врска:

Избегнувајте инертност и повлеченост во вашата врска. На вашиот партнер му е потребна иницијатива, повеќе комуникација и конструктивни предлози од ваша страна. Наместо тоа, вие сте склони кон одолговлекување и ви недостасуваат идеи. Сето тоа, доведува до заладување на односите.

Во втората половина од април, избегнувајте чести излегувања и гледање со пријателите без саканата личност, бидејќи тоа предизвикува недоверба.

Ако не сте во врска:

Вашата страст ќе биде силна во текот на март и повеќе ќе ве интересираат авантури, отколку сериозна врска. На една забава може да дојде до силна привлечност меѓу вам и некоја личност која ќе ви делува таинствено и харизматично. Ќе откриете дека одлично се сложувате во сексот.

Некои Близнаци ќе започнат несериозна и многу површна врска, но набрзо ќе сфатат дека тоа не им годи и ќе престанат со тоа.

Здравје

На почетокот на месецот, вашиот имунитет ќе биде во пад па здравјето ќе ви биде чувствително. Можна е настинка или некаков вид на вирусно воспаление. Некои Близнаци ќе ги мачат тегоби поврзани со коските. Сепак, втората половина ќе ви донесе подобро здравје. Движете се во природа и минувајте време надвор.

Рак

Работа

На почетокот на месецот треба внимателно да размислите за своите планови, за престојните работни задачи, но и да ги исправите грешки. Ќе ви биде потребна реорганизација во начинот на работење, што ќе ви помогне подобро да ги завршите работите.

Договорите со соработниците ќе бидат отежнати и тоа ќе бара многу внимание, како и вложување напори. Во првиот дел на април, не склучувајте договори и нови партнерства. Вториот дел од месецот ви носи подобрена интуиција и креативност, а ќе имате чувство и за добитни потези.

Невработените Ракови ќе можат да дојдат до хонорарна работа која ќе им донесе голема заработувачка.

Љубов

Ако сте во врска:

Ќе посакате посилна блискост со саканата личност. Страста ќе биде силно разбудена во вас и ќе бидете многу немирни. Сепак, ќе ви пречи тоа што нема да можете да се договорите за заедничките цели. Избегнувајте ги конфликтите, оставете ги работите сами да се смират од себе.

Вториот дел од месецот носи можност да ги средите сите нерешени работи и да се насочите кон подобри моменти. Во овој период, саканата личност ќе ви биде огромна поддршка.

Ако сте слободни:

Венера ви носи можност да запознаете личност која магнетски ќе ве привлече и кон која ќе чувствувате силна привлечност. Веднаш ќе се појави хемија и силна страст, што ќе донесе и силни емоции и потреба за нежности. Ова би можело да биде почеток на убава врска која долго ќе трае.

Здравје

На полето на здравјето, можни се проблеми со хормоните. Ова особено ќе биде изразено во средината на април. Потребно е да направите детоксикација и да се трудите да се храните поздраво. Тоа ќе го зајакне вашето здравје.

 

Лав

Работа

Во првите денови од април треба да бидете многу внимателни кога станува збор за работата. Можно е да наидете на тешкотии и да дојде до недоразбирања и незадоволство од страна на клиентите. По 7 април, се јавува можност за напредок во кариерата.

Успех ве очекува на полињата на градинарство, угостителство и прехрамбена индустрија. Ако се занимавате со изработка на накит, ќе успеете да продадете повеќе од вообичаено.

По 24 април, доаѓаат повеќе состаноци и договори за подобрување на соработката, а ќе се покажете и ефективни во тимската работа. На полето на финансиите, добро би било да направите мала реорганизација.

Невработените Лавови ќе имаат можност за вработување на полето на услугите.

Љубов

Ако сте во врска:

Ќе бидете многу сложни со вашиот партнер кога станува збор за заедничките цели и акции. Бидете внимателни во однос на договорите и избегнувајте ги недоразбирањата. На полето на емоциите, ќе умеете јасно да се изразите што ќе ја зацврсти врската.

Вториот дел од април носи промени и освежувања во врската. Ако не сте задоволни, може да дојде до заладување, но ќе морате јасно да комуницирате за тоа што го сакате.

Ако не сте во врска:

Ќе запознаете личност во која ќе се заљубите во средина на април. Ќе бидете склони кон идеализирање. Можно е да се соочите со конкуренција, но тоа ќе ве мотивира да се потрудите повеќе.

Кога конечно ќе ја освоите личноста која ви се допаѓа, ве очекува убав почеток на врска.

Некои Лавови ќе бидат склони кон тајни и паралелни врски.

Здравје

Вашиот имунитет е силен и стабилен, што ќе ви донесе добро здравје. Ќе чувствувате потреба за физички активности и така цело време ќе се трудите да бидете активни. Тоа позитивно ќе влијае на вашата кондиција.

Потребна ви е храна која лесно се вари. Избегнувајте маснотии, како и брза храна, а бидете умерени и со житариците, лебот и слатките.

Девица

Работа

Почетокот на месецот носи огромна можност за нова работа, или пак нов проект на истата работа. Тоа ќе биде на полето на забавата, естрадата, образованието или угостителството. Ако сте дизајнер или архитект, ќе можете да почнете убав проект кој ќе ви донесе голем напредок во кариерата.

Овој месец ќе биде важно да обрнете внимание на трошпците, бидејќи недостатокот на средства ќе ви претставува најголема препрека во реализација на многу работи. Третиот дел од месецот носи успешна соработка на полето на уметнички предмети, козметика и модна конфекција.

Невработените Девици ќе имаат можност да најдат сезонска работа.

Љубов

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот ќе бидете многу нерасположени и нема да имате време да обрнете внимание на важните работи во врската. Ќе дојде до многу недоразбирања и заладување на односот. Ќе ве притискаат грижите, но нема да чувствувате потреба да му се доверите на партнерот.

Во последниот дел од месецот, ќе успеете да се зближите и да ја подобрите комуникацијата, но и да ги надминете недоразбирањата од порано. Можни се и значајни заеднички планови, а би ви годела и мала забава во вашиот живот.

Ако не сте во врска:

На почетокот на месецот ќе запознаете личност која на вас ќе остави силен впечаток. Тоа ќе биде личност која можеби е вашиот животен партнер. Ќе почнете почесто да се гледате, да излегувате и разговарате за заеднички теми, а набрзо ќе започнете и врска.

Некои Девици ќе посакаат да стапат на лудиот камен, а ваквата желба ќе се оствари за некои од нив.

Здравје

Првиот дел на април носи вирусни инфекции. Некои Девици ќе имаат и проблем со коските, а ќе бидат и чувствителни на промените во времето. Избегнувајте исцрпување и стрес и одморајте доволно.

Јадете повеќе свеж зеленчук и салати.

Вага

Работа

Обрнете внимание на односите со колегите на почетокот на април. Меркур, ќе ги отежнува вашите професионални односи. Нема да можете да се сложите со колегите околу тоа кој да преземе одговорност.

Додека не завршите еден проект кој е во завршна фаза, не е добро да почнувате ништо ново. Вториот дел од месецот ви носи повеќе мотивација. На 15 април, ќе почне да се подобрува соработката со колегите и ќе можете успешно да се договарате околу сите работи. Успех ќе постигнете ако се занимавате со туризам, трговија или увоз на козметички производи.

Љубов

Ако не сте во врска:

Првиот ден на април, Меркур прави ретроградна конјукција со Сонцето во вашето поле на љубовта и бракот. Тоа ќе ви овозможи јасно да ги согледате потребите на својот партнер. Ќе се потрудите да ги исправите грешките и недоразбирањата од претходниот период, но тоа нема да биде лесно бидејќи долго време одложувавте.

Вториот дл лод април носи поголема доверба во односите со саканата личност. Вашата страст ќе се врати. Би ви годело почесто да излегувате.

Ако не сте во врска:

Чувствувате силна потреба за телесни задоволства и вашата страст ќе се зајакне. Ќе бидете склони кон авантури и воопшто нема да ве интересира врска. Сепак, дури и да влезете во врска, ќе ви биде тешко да ја одржувате стабилна.

За некои Ваги, тешка задача ќе биде да ја освојат личноста која долго им се допаѓа. Тоа можеби ќе биде личност која е заљубена во некој друг. Ќе ви биде потребно трпение.

Здравје

Потребно ви е повеќе движење. Важно е физичката кондиција да ја одржувате во форма бидејќи така ќе ви биде зголемена и отпорноста на болести. Средината на месецот ви носи мали проблеми поврзани со дишењето, бронхитис, како и алергиски реакции.

Добро би било да конзумирате повеќе мед, лед од цело зрно и интегрални житарици.

Шкорпија

Работа

Во текот на овој месец ќе биде добро да одржувате добри односи со колегите. Настојувајте да се поврзете со нив и да дознавате што е актуелно. Посебен приоритет треба да ви биде работното окружување.

Во текот на овој месец ќе се насочите да се ослободите од она што ви предизвикува проблем во работењето, а на што можете да влијаете. Можеби ќе одлучите да ја смените работата, а во тоа ќе имате помош од еден познаник.

Обрнете внимание на јавниот настап, на начинот на којшто се претставувате пред другите, посебно во деловните преговори.

Љубов

Ако сте во врска:

Потребна ви е поддршка и чувство дека сте сакани и некому потребни. Тоа ќе ве мотивира повеќе да се дадете во односите со партнерот и на прво место да ги ставите нивните потреби. Вашиот партнер ќе биде пријатно изненаден од таквата грижа.

Ќе добиете силна потреба, слободното  време да го минувате со саканата личност.

Ако не сте во врска:

Личноста со која во минатото сте имале одлична врска и која не сте ја преболеле, одеднаш ќе се врати во вашиот живот. Меѓу вас и бившата љубов ќе се разбудат некогашните чувства и двајцата ќе посакате да пробате повторно. Сепак, бидете свесни дека ваква шанса се раѓа само еднаш во животот.

Здравје

Вашата виталност е зајакната во текот на овој месец и потрудете се така и да остане. Избегнувајте претерување од било кој вид, како и подложност на пороци. Не претерувајте во храната бидејќи може да дојде до кардиоваскуларни проблеми и покачен крвен притисок.

Посветете внимание на здравата исхрана и елиминирајте ги штетните материи од организмот.  

Стрелец

Работа

Меркур кој владее со вашето поле на кариерата ќе ви донесе значајни успеси во текот на овој месец особено доколку се занимавате со угостителство, занаетчиски или консултански услуги. Уште во првиот дел на април ќе морате да сфатите дека е неопходно да ја подобрите организацијата, планирањето и начинот на работата. Сепак, ќе имате многу обврски и ќе ви биде тешко да го остварите тоа.

Ако се занимавате со сопствен бизнис, ќе добиете можност да ја обновите опремата и да го подобрите просторот во кој работите.

Љубов

Ако не сте во врска:  

Ќе бидете полни со иницијатива за да најдете личност за сериозна врска. Ќе ги привлекувате оние луѓе кои се од акција, авантуристички дух и со многу страст во себе. Таква личност можете да запознаете на местата за забава на кои често не одите или пак на спортските терени.

Некои Стрелци ќе бараат квалитет на прво место, и ќе бидат сигурни дека ќе треба да најдат личност која ги исполнува сите нивни критериуми.

Здравје

На ова поле доаѓа до пад на имунитетот, но и проблеми поврзани со пролетните алергии. Важно е да делувате превентивно и да внимавате на наглите промени на времето. Исто така, потребна ви е правилна исхрана богата со Б12 витамини, како и Ц и Е.

Јарец

Работа

Венера влегува во вашето поле на комуникации и најголем дел од април ќе престојува таму. Тоа значи дека тоа ќе ве прави љубезни и пријатни во комуникацијата. Искористете го овој период за да ги обновите контактите со оние со кои претходно сте имале добра соработка и со кои лесно наоѓате заеднички интереси.

Ќе бидете успешни во соработката со оние кои се на висока позиција, а  и во однос на работите кои бараат креативни решенија.

Љубов

Ако сте во врска:

Заедничкото време поминато со саканата личност ќе ви биде поважно од посветеноста на работата и личните цели. Ќе излегувате во театар, кино и кафулиња и навистина ќе уживате. Ќе бидете посветени и на своето семејство и ќе се трудите домот да заблеска. Ќе имате време и за интимни средби, во кои многу ќе уживате.

Ако не сте во врска:

Меркур ќе се движи ретроградно во вашиот знак што може да донесе средба со некоја личност од минатото. Бидејќи нема да имате никој да го привлече вашето внимание, можно е веднаш да се фрлите во прегратки на оваа личност. И тие ќе бидат заинтересирани повторно да се обидете. Сепак, потрудете се некои грешки да не се повторуваат.

Здравје

Здравјето ќе биде чувствително и променливо. Ќе имате и зголемен умор, но и варијации во крвниот притисок. Би ви годело да минувате време во природа на чист воздух. Избегнувајте стрес и претеран напор.

Водолија

Работа

Меркур почнува ретроградна конјукција со сонцето на 1 април, што ќе ви помогне полесно да ги согледате причините за застој и недоразбирања кои сте ги имале во изминатиот период. Ќе успеете подобро да се организирате и да почнете припреми за реализација на нови проекти кои чекаат на ред. Сепак, избегнувајте преговори позади затворени врати за да не бидете изиграни.

Вториот дел од април носи повеќе успеси, но и способност да се поставите во преговорите со соработниците. Ќе се потпирате на интуицијата и вашата креативност ќе биде засилена.

Љубов

Ако сте во врска:

Ќе бидете во можност појасно да ги согледате потребите на саканата личност и да ја подобрувате блискоста. Ќе водите разговори за заеднички планови и ќе бидете подготвени за квалитетни промени. Потребна ви е поголема динамика.

На 24 април влегува ведрина во вашата врска, но и страста ќе биде зголемена. Ве очекуваат убави интимни моменти.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате потреба да останете слободни и добро да се забавувате. Нема да ви годи ниту една врска, а особено не ништо сериозно. Можно е тајна врска да е откриена и затоа избегнувајте ги таквите игри.

Некои Водолии ќе забележат дека често добиваат комплименти од личност во нивна близина и ќе се заинтересираат за неа.

Здравје

Зглобовите ви се чувствителна точка, а тоа особено ќе биде изразено во првиот дел на април.  Можни се и проблеми со хормоните. Конзумирајте повеќе здрава храна, а меѓу намирниците кои често треба да ги конзумирате се риба, грав, ореви и грејпфрут.

Риби

Работа

На почетокот на месецот ќе биде неопходно да обрнете повеќе внимание на односите со колегите. Можни се нови долгорочни и плодни соработки, но и несогласувања со долгорочните соработници. Тоа ќе биде резултат на нејасни договори и нерешени финансиски прашања, но по 7 април ќе успеете да ги надминете тешкотиите.

Успех ќе постигнете ако се занимавате со енергетски ресурси, инжењеринг или ИТ технологии. Бидете внимателни на полето на меѓународна соработка, економија или банкарство. Ако планирате службено патување, одложете го по 17 април.

Љубов

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот јасно ќе ги гледате вредностите на својот партнер и ќе бидете среќни покрај нив. Ќе има несогласувања, но тие ќе бидат предизвикани од пријателите, а не од саканата личност.

Средината на април носи подобри односи со саканата личност, така што и ќе ги исправите грешките од минатото. Важно е да ја одржувате комуникацијата и да размените убави емоции.

Ако не сте во врска:

Личноста која ви се допаѓа ќе делува затворено, но вие нема да се откажувате од обидот подобро да ја запознаете. Ќе бидете упорни, а и брзо ќе забележите дека вашите интереси се различни. Тоа малку ќе ве разочара, но ќе го надминете.

Некои Риби ќе се чувствуваат несигурно во текот на цел месец. Сепак, работете на својата самодоверба и не се откажувајте од љубовта.

Здравје

Имунитетот ќе ви биде подобрен и ќе се чувствувате силно и полетно. Ќе чувствувате потреба да се движите, па ќе практикувате и спортско-рекреативни активности, што ќе ја подобри вашата кондиција. Вториот дел од април ви носи опуштање, но и вишок килограми.

Исхраната збогатете ја со витамини и влакна. Секојдневно конзумирајте свежо овошје и зеленчук како зелена салата, спанаќ, блитва, б

cheap nike air max 90