Пасошката криза отштети илјадници граѓани поради неможноста да ја напушатат државата. Дел ќе ја изгубат работата во странство, дел парите, затоа што уплатените аранжмани и купените авио билети сега ќе им пропаднат.
Во издавањето документи не може да има застој. Правото за движење на граѓаните е загарнатирано со Устав, реагира Народнитиот Правобранител. Затоа ги и повика оштетените да поднесат поединечни претставки до него. На тој начин, вели, ќе имаат аргумент плус кога ќе го тужат Министерството за внатрешни работи, дека им е скретено правото да патуваат.
- На тој начин ќе имаат доказ, кој ќе им помогне во тужбата до МВР дека им е скратено основното право за движење и полесно ќе го добијат спорот, изјави Иџет Мемети, Народен Правобранител
Мемети е разочаран од односот на надлежните. Ги повика што поскоро да го решат проблемот, наместо политички да се препукуваат
- Несериозно е и за секоја осуда она што МВР им го прави на граѓаните и на ваков начин им го прекршува нивното основно , Уставно право. Изразувам голема загриженост и за нивото на комуникација помеќу институциите. Во најмала рака, загрижувачки и срамно, додава Мемети.
Единствениот надлежен, кој може да влезе во МВР и да направи увид во документцијата и реланата состојба дали има обрасци или не не е токму Народниот Правобранител. За правна помош, односно совет граѓаните можат да се обратат и до Хелсиншкиот Комитет за човекови права.