Мека миризлива погача

Состојки:

- 500 – 600 гр меко брашно тип 500

- 200 мл вода

- 100 мл млеко

- 1 јајце

- ½ квасец

- 2 мали лажички шеќер

- 1 мала лажичка сол

- 10 мл масло

- Уште малку масло да премесите и да ја полиете погачата

Подготовка:

Ова тесто е многу меко и лепливо, такво и треба да биде. Во вангла ставете го квасецот, шеќерот, јајцето, маслото млекото и водата. Се измешајте, додадете по малку брашно и месете повлекувајќи го со раката тестото нагоре (кон врвот на ванглата). Сега посолете. Месете додека тестото не стане мазно, додадете уште малку брашно. Бидејќи тестото е се уште лепливо и незгодно за работа. Налејте во рака масло и преместете. Покријте со крпа да стои 30 минути.

Намастете ги рацете. премачкајте го тестото . Ако ви е баш незгодно , посипете малку брашно да можете полесно да работите со тестото.

Тепсијата намастете ја, можете да работите на 2 начини. Тестото ставете го веднаш во тепсија и со рацете натапкајте, отенчете. Или на работната површина развлечете го па префрлете го во тепсија. Тестото развлечете го со дебелина малку повеќе од еден прст.

Засечете ја погачата по должина, малку премачкајте со масло и посолете. Оставете 15 минути да стои и печете на 200 степени додека не порумени. Кога ќе биде готово покријте со крпа да омекне уште повеќе.