Ме нервира како зборуваат селски...моиве родители се прости

Пред некој ден ме сретна Боби од маало и со потсмев ми се обрати: Што бе Марина татко ти е Перо гулабарот, ахах не знаев дека си ќерка негова...Ми падна глупо. Седнав дома и почнав да размислувам дека се срамам од она што го прават моите, а и нивното однесување и манири не се за пофалба.

Знаат додека се шетаме да му викнат на комшијата кој не ги ни гледа за да го поздрават, едно одење во продавница не поминува без пола саат муабетење што со комшиите, што со касиерките. Мајка ми знае да ги собере црешите, краставиците и доматот од бавчата и да ги продаде на пазар, наместо во дворот да си имаме трева, дрвца, елки ние имаме зеленчук и овошје. И ајде кажи ми како да викнам некој дома ја гледаш ли куќава каква ние е, срамота сме, се уште имаме чинии и тави од баба ми, татко ми кога јаде обожава да срка толку гласно што ми оди на нерви, понекогаш чекам да се најаде па јас да седнам сама на раат... Вака си ги опишуваше своите родители мојата најдобра другарка од детството која денес заработува солидно и се уште има помош и поддршак од нејзините чесни мајка и татко...Кога ќе се сетам секогаш сакаше да се истакне со нешто, но кога ќе и споменеше некој нешто за родителите веднаш ја наведнуваше главата незнаејќи да се одбрани себе си и нив....Татко чесен работник и љубител на гулаби, мајка и работник во слаткара...цел живот се трудеа на нивната ќеркичка да и овозможат одмор, најнов велосипед, патики, мобилен, школување...но, девојката секогаш се срамеше, и се однесуваше како они да не постојат во нејзиниот живот.

А, што да кажат и прават децата чии родители ги навредуват, омаловажуваат, малтретираат и физички и психички....Очигледно некои луѓе живеат во имагинарен свет, бегајќи од вистината и суштината на животот. И покрај тоа што таа и ден денес не ги почитува и избегнува колку што може тие се уште се трудат на било каков начин да и помогант на својата ќерка. Ги разболи и уништи самиот чин кога реши да не ги покани на својата венчевка со изговор дека нема да има возрасни дека забавата ќе биде само за млади луѓе.

Луѓето стоечки ја проголтаа таа навреда, кога ќе ги поздравев и погледнев секогаш со искра и жар во очите ме потпрашуваа каква била забавата/венчавката, дали на тебе ти било убаво, во што бил облечен зетот, дали си била среќна, колку луѓе имало... Секој има мани, никој не е совршен, кога гледаш дека родителите те поддржуваат и мислат како да ти помогнат не треба да ги бришеш заради тоа што се селски, немаат градски манири и не се достојни за твоите другари кои во животот постојано си менуваат...Прифати ги такви какви што се биди горда на нив и не заборавај ти носиш дел од нив.