Мажите родени во овие знаци не се снаоѓаат најдобро во љубовта и тие кршат срца, каде и да се појават.

Стрелец

За Стрелците е многу тешко да заборават на својата желба за авантура и да се посветат на врската. Во љубовта, тие се свои најголеми непријатели и често одлуките ги носат кога е веќе предоцна. Кога ќе видат личност која им се допаѓа, тие претерано анализираат и чекаат многу време додека да пријдат, а потоа некако делуваат како да го изгубиле интересот.

Јарец

Јарците имаат големи очекувања од животот и љубовта. Тие постојано ставаат притисок на личноста за која се заинтересирани. Сакаат да бидат тие кои ги носат одлуките и често се однесуваат како да имаат целосна контрола над врската.  Секогаш бираат жена која е пасивна, но дури и таквата не може долго да го трпи нивното контролирачко однесување. Иако имаат најдобри намери, често се претерано арогантни и тоа ги воведува во неволја.

Девица

Девиците се најљубоморниот хороскопски знак. Тие имаат и многу лош карактер кога ќе се налутат. Често споменуваат неважни работи од минатото и ќе искористат сè што ќе им падне на памет против својата сакана, дури и при најмала кавга. Секогаш доаѓаат и се извинуваат, но да сакаш маж роден во овој знак е навистина тешко.

Бик

На мажите родени во овој знак им е многу тешко да се врзат. Врските никогаш не се приоритет за нив и затоа дури и кога засакуваат некого, другата личност не може да знае точно што се случува. Можеби ќе се однесуваат како да сте во врска, но мошне брзо ќе ве известат дека не треба да планирате ништо со нив. Сакаат личност која ќе ги поддржи 100 %, но никогаш не се спремни самите да го направат тоа за некој друг.